Сабота 06.06.2026
Вклучи се во нашата заедница
Umbrella
02:50
Имсак
04:24
Сабах
04:59
Сонце
12:45
Полден
16:44
Икиндија
20:18
Акшам
22:06
Јација

Контактирај со месната заедница на Лабуништа

Новости

Среда 18.02.2026
Џамиите преполни за првата теравија

Џамиите беа преполни за првата теравија, срцата смирени, а сафовите збиени како никогаш. Од најмали до највозрасни – сите се собраа во ибадет, со насмевки и солзи радосници.

Среда 18.02.2026
(Фото): Месна Заедница, НатураЛаб и МЕД со заеднички чекори за заштита на Јабланица

Во рамки на дискусијата беа разменети мислења и предлози за конкретни чекори и заедничка соработка со цел долгорочна заштита на природното богатство на Јабланица.

Вторник 17.02.2026
„Патување што го збогатува срцето“ – расказ на Нихал Сефиданоска објавен во „Нова Македонија“

Овој зимски распуст беше најпосебниот во мојот живот. Наместо да останам дома и да им се радувам само на снегот и снежните игри, моите родители ми соопштија нешто што ме остави без зборови. Ми соопштија дека ќе патуваме да учествуваме на обредот Умра во градовите Мека и Медина! Во тој момент бев и изненадена и пресреќна, а срцето ми чукаше од возбуда. Не можев да поверувам дека ќе ги посетам тие свети места за кои толку многу сум слушала. Уште тогаш си помислив колку ќе биде убаво кога ќе се вратам и ќе им раскажам сè на моите другарчиња, со многу радост и гордост.

Вторник 17.02.2026
Утре сите во Подгорци - Дочек на месец рамазан со огномети!

Подгорци.мк заедно со доброволци од нашата населба организира заеднички пречек на Месецот на Постот во дворот на Новата Џамија! Поради што ги повикуваме сите заедно со своите деца да дојдат и заедно во радосна атмосфера да го пречекаме месецот на постот!

Вторник 17.02.2026
Подгорци: Златна Џамија со посебна подготвеност за Теравија

Со особена радост ве известуваме дека за прв пат, елхамдулиллах, со помош на Аллах џ.ш., во Златната Џамија теравија намаз ќе се клања со хатме на Кур’анот.

Понеделник 16.02.2026
Генерален советник на Општина Адапазар, претставник на ТИКА во посета на Лабуништа

Денес претставник на турската владина организација ТИКА, Ајдин Терчан, генерален советник на Општина Адапазар, Сакарја, со долгогодишно работно искуство и член на генералниот центар на АК партија, беше во посета на нашето село Лабуништа. Во рамки на посетата, оствари средби и изврши посета на ООУ „Мурат Лабуништи“, амбулантата, како и Јавното претпријатие „Хигиена“.

Понеделник 16.02.2026
Кога ќе се клања теравија намаз?

Меџлисот на џамии во Лабуништа ги известува жителите за Рамазанската програма за 2026 година (1447 хиџри)

Недела 15.02.2026
(Фото): Се одржа исламската трибина „Да се подготвиме за Рамазан“

Во организација на Муфтиството на ИВЗ – Струга, а во соработка со Долната Џамија во Лабуништа, по јација-намаз се одржа исламската трибина на тема „Да се подготвиме за Рамазан“.

Недела 15.02.2026
Како напредува реновирањето на чешмата кај Долна Џамија

Со голема посветеност продолжуваат работите за реновирање на чешмата кај Долната џамија. Во изминатиот период се извршија значајни зафати – се обновува конструкцијата, се средува околината и чекор по чекор чешмата го добива својот убав и достоинствен изглед.

Сабота 14.02.2026
Општо здравје на населението во Лабуништа и како да се заштитиме од ризик факторите

Здравјето на населението претставува огледало на начинот на живот, исхраната, животната средина и здравствената култура во една заедница. Иако Лабуништа се наоѓа во природно чист регион со планински воздух и традиционални вредности, современите навики носат нови здравствени предизвици кои директно влијаат врз квалитетот и должината на животот.

Сабота 14.02.2026
Исламска трибина во Лабуништа: „Да се подготвиме за Рамазан“

Муфтиството на ИВЗ – Струга, во соработка со Долна Џамија Лабуништа, во недела 15.02.2026 година, по јација-намаз, организира Исламска трибина со наслов „Да се подготвиме за Рамазан“.

Сабота 14.02.2026
Известување за теравија и ноќен намаз во Долната џамија

Долната џамија ги известува жителите дека оваа година подрумот нема да биде отворен за жени за клањање на теравија намаз, поради очекуваната голема гужва.

Петок 13.02.2026
Рамазанска помош од Diaspora Labunista и Здружение Laburia

Хуманитарното друштво Diaspora Labunista, заедно со Здружение Laburia, и оваа година организира рамазанска хуманитарна помош. Секој што има потреба може слободно и доверливо да се обрати и ќе добие соодветна поддршка.

Четврток 12.02.2026
(Фото):Увид на терен за реализација на инфраструктурни проекти во Лабуништа

Од надлежните беше истакнато дека во најскоро време се очекува започнување на градежните работи на овие локации, со што ќе се даде нов импулс на локалниот развој и унапредување на инфраструктурата во Лабуништа.

Среда 11.02.2026
Среќни Рамазански денови на сите, блиску или далеку од Лабуништа!

Со радост и среќа ги поздравуваме Рамазанските денови во Лабуништа! Нека овој месец донесе мир во вашите срца, светлина во вашите куќи и љубов со вашите најмили. Среќни Рамазански денови на сите, блиску или далеку од Лабуништа!

Вторник 10.02.2026
Здравствен дом Вевчани со нова значајна услуга – олеснување за жителите на Лабуништа и регионот

Здравствениот дом Вевчани продолжува со унапредување на здравствените услуги и нивна поголема достапност за жителите на Вевчани, но и за населението од регионот што го опслужува преку сопствените амбуланти во Лабуништа и Велешта.

Вторник 10.02.2026
По долго време, училиштето „Мурат Лабуништи“ повторно свети во вечерните часови

По подолг период на темнина, училиштето „Мурат Лабуништи“ повторно доби осветлување и сега свети во вечерните часови, што претставува позитивна промена за учениците, родителите и жителите на Лабуништа.

Сабота 07.02.2026
(Фото):Започна санирањето и бетонирањето на патот кај месноста Калишта

Откако вчера објавивме на нашиот портал Labusta.mk, денес официјално започна санирањето и бетонирањето на патот кај месноста Калишта.

Петок 06.02.2026
(Фото): Иницијатива за санирање и бетонирање на патот кај месноста „Калишта“

Со таа цел, се упатува јавен повик до сите сопственици на парцели во овој реон, како и до други хумани граѓани и донатори, да се вклучат и придонесат во реализацијата на овој значаен проект, кој претставува трајна садака и инвестиција во заедничкото добро.

Вторник 03.02.2026
Ве покануваме на 5-тиот традиционален ифтар во Нова Горица

Почитувани, Со задоволство ве покануваме на 5-тиот традиционален ифтар во организација на џуманитарното друштво „Младина“ од Нова Горица.

Биди умен

Во џума не излегви со кола.

#сподели
Најчитани новости
Неверојатната Приказна на Мухаммед Хусрев од Лабуништа: Живот Полн со Борба и Наследство
Неверојатната Приказна на Мухаммед Хусрев од Лабуништа: Живот Полн со Борба и Наследство
Недела 26.01.2025

Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...

Пресели Д-р Минур Мемишоски – Почитуван Стоматолог
Пресели Д-р Минур Мемишоски – Почитуван Стоматолог
Сабота 15.02.2025

Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...

Пронајден камен со природни арапски написи „Аллах“ и „Мухаммед“ во Лабуништа
Пронајден камен со природни арапски написи „Аллах“ и „Мухаммед“ во Лабуништа
Сабота 30.08.2025

При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...

Се продава куќа со двор во Лабуништа – 540 м² куќа + 1500 м² двор
Се продава куќа со двор во Лабуништа – 540 м² куќа + 1500 м² двор
Среда 03.09.2025

Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...

Масовен јавен собир во Лабуништа: Граѓаните бараат решенија за проблемите со обложувалниците и гејминг клубовите
Масовен јавен собир во Лабуништа: Граѓаните бараат решенија за проблемите со обложувалниците и гејминг клубовите
Петок 24.04.2026

Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...

Познато новото раководство на Лабуништа – еве кој ќе ја води месната заедница!
Познато новото раководство на Лабуништа – еве кој ќе ја води месната заедница!
Сабота 10.01.2026

Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...

Ејлем Бекироска од Лабуништа освои бронзен медал на меѓународниот натпревар INFOMATRIX ASIA 2026 во Астана
Ејлем Бекироска од Лабуништа освои бронзен медал на меѓународниот натпревар INFOMATRIX ASIA 2026 во Астана
Петок 27.03.2026

Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...

Последни новости
Во ООУ „Мурат Лабуништи“ поставен автомат за рециклирање пластика и лименки!
Петок 05.06.2026

Ве известуваме дека во дворот на ООУ „Мурат Лабуништи“ е поставен автомат за соб...

Прогласени Победниците На Изборот „Најубава Градина 2026“
Петок 05.06.2026

По неколкудневното гласање и големиот интерес на нашите следбеници, со задоволст...

Училишниот Двор Добива Нов Лик – Голема Благодарност До Binaj и Неџо Комерц За Поддршката!
Среда 03.06.2026

🎨 Со многу креативност, ентузијазам и тимска работа, наставниците и учениците од...

(Фото):Ново возило за ЈКП „Хигиена“ благодарение на донацијата од Махир Јускоски
Вторник 02.06.2026

Возниот парк на ЈКП „Хигијена“ ќе биде збогатен со уште едно возило за собирање ...

Мехмед Али Пашината (Горна џамија) влегува во завршната фаза од грубата градба
Понеделник 01.06.2026

Во тек се подготовките за поставување на последната плоча, со што успешно се зао...

Гордост за Лабуништа: Алдина Муслиоска меѓу најдобрите дебатери во Шведска
Сабота 30.05.2026

Нашите деца секојдневно докажуваат дека Лабуништа има талентирани, вредни и амби...

🌺🏡 Избор за Најубава Градина во Лабуништа 2026 🏡🌺
Петок 29.05.2026

Лабуништа отсекогаш била препознатлива по своите уредени дворови, шарени цвеќиња...

Хуманитарниот базар организиран од нашите ученици имаше прекрасен успех
Четврток 28.05.2026

Имавме чест да ги пречекаме родителите, како и директорите од другите училишта, ...

Џамиите преполни за Бајрам намаз
Среда 27.05.2026

Уште од раните утрински часови, низ Лабуништа се почувствува посебната убавина н...

„Плачките“ за Бајрам — најголемата детска радост што во Лабуништа живее со генерации
Среда 27.05.2026

А најубаво е што многу гурбетчии, без разлика каде се низ светот, специјално се ...