Лабуништа Новости Среда 18.02.2026
Денес, во просториите на Месната заедница во Лабуништа , се одржа заедничка средба помеѓу здружението МЕД од Скопје и претставници на Месната заедница, здружението НатураЛаб од Лабуништа, како и присутни граѓани.
На средбата учесниците разговараа за потребата од заштита на планината Јабланица , со посебен акцент на подрачјето на Лабуништа од ископување на минерални суровини (каменоломи), како и прекумерна и нелегална сеча на шуми.
Во рамки на дискусијата беа разменети мислења и предлози за конкретни чекори и заедничка соработка со цел долгорочна заштита на природното богатство на Јабланица.
Средбата помина во пријатна и конструктивна атмосфера, а учесниците изразија подготвеност и во иднина да продолжат со вакви средби и активности во насока на подигнување на јавната свест и зајакнување на локалното учество во процесите на заштита на животната средина.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Амела Хоџа, која својата успешна професионална кариера ја гради во Сараево, како...