Лабуништа Новости Понеделник 01.06.2026
Во тек се подготовките за поставување на последната плоча, со што успешно се заокружува еден од најважните градежни сегменти на овој благороден проект. По завршувањето на грубата градба, ќе следуваат фините градежни работи, внатрешното уредување на џамијата, како и изградбата на минарето, кое ќе биде препознатлив белег на овој верски и духовен објект.
Изградбата на џамија е едно од највредните дела кај Аллах. Аллаховиот Пратеник ﷺ рекол:
„Кој ќе изгради џамија заради Аллах, Аллах ќе му изгради куќа во Џеннетот.“
Овој голем проект не би бил можен без несебичната поддршка, трудот, донациите и пожртвуваноста на многу браќа и сестри од Лабуништа, дијаспората и сите добронамерници кои дадоа придонес со своето време, знаење, работа и имот.
Упатуваме искрена благодарност до сите кои на кој било начин учествуваа во изградбата на оваа Аллахова куќа. Го молиме Возвишениот Аллах да ги награди со најдобра награда, да внесе берекет во нивните семејства и имоти, да им подари здравје, среќа и успех на овој и на идниот свет.
Нека оваа џамија биде место на ибадет, знаење, единство, братство и духовно издигнување за сегашните и идните генерации.
🤲 Аллахумме текеббел минна ве минкум.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Амела Хоџа, која својата успешна професионална кариера ја гради во Сараево, како...