Лабуништа Новости Сабота 30.05.2026
Алдина Муслиоска од Лабуништа, која живее во Малме, Шведска, го освои второто место на државно ниво на дебатниот натпревар на тема „Како да се подобрат условите за живот за луѓето во светот“.
Пред да стигне до државното финале во Стокхолм, Алдина блесна на градскиот натпревар во Малме, каде ги победи сите учесници и заслужено обезбеди пласман меѓу најдобрите во државата. Во силна конкуренција, таа го освои високото второ место, заостанувајќи само неколку поени зад првопласираната натпреварувачка.
Овој успех е доказ за нејзината интелигенција, трудољубивост, самодоверба и одлични говорнички способности. Алдина е прекрасен пример за тоа како младите од Лабуништа со своето знаење и посветеност можат да постигнуваат врвни резултати каде и да се наоѓаат.
Нашите деца секојдневно докажуваат дека Лабуништа има талентирани, вредни и амбициозни млади луѓе кои достојно го претставуваат своето родно место низ светот.
Честитки до Алдина за овој голем успех! Ѝ посакуваме уште многу победи, успеси и достигнувања во иднина.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Амела Хоџа, која својата успешна професионална кариера ја гради во Сараево, како...