Бизнис Заедница Лабуништа Новости Среда 01.10.2025
Младите од Лабуништа сè почесто се враќаат од дијаспората и вложуваат во својот роден крај, создавајќи успешни приказни и отворајќи нови работни места. Еден таков пример е младиот Арслан Мустафоски, сопственик на компанијата ALEA TRADE DOOEL Лабуништа , кој деновиве започна со работа во новиот производствен погон во Индустриска зона 22, Струга.
Компанијата се занимава со производство на ребрести црева за електроинсталации, со што го зајакнува домашното производство и отвора можности за пласман на македонски производи и на странските пазари.
Со оваа инвестиција, Мустафоски ја покажува својата решителност и верба во потенцијалот на локалната економија, а истовремено придонесува за нови вработувања и развој на индустриската зона во Струга.
„Сакаме да покажеме дека и во Македонија може да се работи и создава квалитет. Нашата цел е да обезбедиме сигурен и модерен производ кој ќе одговара на потребите на пазарот, и горди сме што ова го правиме токму во нашиот крај,“ вели Мустафоски.
Отворањето на овој погон претставува уште еден позитивен пример за тоа како младите претприемачи од дијаспората ја гледаат иднината во сопствената татковина, вложувајќи знаење, искуство и капитал за подобра иднина на целата заедница.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Амела Хоџа, која својата успешна професионална кариера ја гради во Сараево, како...