Лабуништа Сабота 24.05.2025
На денешниот меѓународен турнир Охрид Опен, кој се одржа во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид во организација на Карате клубот COLE I KUN - SU - TO, учествуваа околу 450 натпреварувачи од Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора и Грција.
Меѓу бројните клубови кои ги покажаа своите вештини, се истакна и Карате клуб Ерол од Лабуништа, кој се враќа дома со два вредни медали. Во категорија Јуниори +76 кг, Анел Зенделоски го освои златниот медал и првото место, додека Алдин Бајрамоски го освои третото место и бронзениот медал во категорија Кадети +57 кг.
Овие достигнувања се доказ за посветената работа и талентот што го негува клубот, предводен од несебичниот карате учител Ерол Зенделоски, кој и покрај отсуството на спонзорства, постојано донесува гордост, успеси и медали за Лабуништа.
Честитки до сите натпреварувачи и огромна благодарност до менторот Ерол, кој е вистински пример за тоа што значи посветеност, упорност и љубов кон спортот!
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Амела Хоџа, која својата успешна професионална кариера ја гради во Сараево, како...