Лабуништа Вторник 27.05.2025
Денес, веднаш по сабах-намазот, во духот на вековната традиција, жителите на Лабуништа испратија повеќе од 40 свои сограѓани кон најсветите места на исламот – Мека и Медина, каде ќе го извршат петтиот столб на исламската вера – Хаџот.
Испраќањето, како и секоја година, беше исполнето со емоции, духовен занес и гордост. Од центарот на селото па сè до автобуската станица, улиците на Лабуништа одекнуваа од текбири, величејќи го името на Семоќниот Аллах џ.ш. Радоста и честитките беа проследени со солзи, молитви и желби за безбедно патување и прифатени ибадети.
Оваа благородна традиција се практикува уште од 1963 година, кога жителите на селото првпат се собраа за да го испратат на аџилак тогашниот имам и почитуван верник, рахметли Хаџи Арслан Ќазимоски. Оттогаш, секоја година, со истата љубов и почит, Лабуништа стои зад своите верници кои се подготвуваат да го извршат најголемиот духовен подвиг.
Го молиме Возвишениот Аллах да им го олесни патот на хаџиите, да ги прифати нивните ибадети, и да се вратат во своите домови здрави, живи и со исполнети срца.
foto by: fb nagim Laposki
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Амела Хоџа, која својата успешна професионална кариера ја гради во Сараево, како...