Лабуништа Новости Петок 16.01.2026
Со години наназад, отпадните води и канализацијата од село Лабуништа директно се слеваат во реката Црн Дрим, без соодветен третман. Со тоа, секојдневно се загадува една од најзначајните реки во регионот, користејќи хемикалии од детергенти, сапуни и други средства за домаќинство, кои сериозно го нарушуваат природниот екосистем. Ова загадување не само што ја влошува состојбата на водата, туку директно влијае и врз живиот свет – се загрозуваат рибите и другите водни организми, а индиректно и здравјето на луѓето кои живеат покрај реката и ја користат нејзината вода.
Токму поради овие долгогодишни еколошки проблеми, изградбата на прочистителна станица претставува неопходен и неодложен чекор кон заштита на Црн Дрим и обезбедување почиста и побезбедна животна средина за идните генерации.
Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, оствари работна средба со министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамет Хоџа, на која се разговараше за тековните и планираните инфраструктурни проекти што се реализираат со финансиска поддршка од Министерството.
Во фокусот на средбата беше проектот за изработка на техничка документација за изградба на прочистителна станица во село Лабуништа, кој претставува значаен чекор кон подобрување на животната средина и заштита на водните ресурси во овој дел од општината.
За реализација на овој проект обезбедени се 1.000.000 денари од Министерството за животна средина и просторно планирање, со учество од 200.000 денари од Општина Струга. Изработката на техничката документација е основа за понатамошна изградба на современа станица за третман на отпадни води, која ќе придонесе за подобри санитарни услови и поквалитетен живот за жителите на Лабуништа и околината.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Амела Хоџа, која својата успешна професионална кариера ја гради во Сараево, како...