Лабуништа Новости Вторник 09.09.2025
Денеска околу 10:30 часот избувна пожар во нива под населбата Краста во Лабуништа. Поради брзото ширење, огнот за кратко време се добли и до најблиските куќи, заканувајќи се со поголема трагедија.
Благодарение на навремената реакција на жителите од селото, предводени од Махир Нуроски и Санел Салоски – Бубу, кои веднаш пристигнаа со противпожарното возило од Лабуништа, пожарот беше локализиран, а потоа и целосно изгаснат. Со нивните големи напори беше спречена можноста за материјална штета и загрозување на човечки животи.
Апелираме до сите жители да ги очистат и покосат нивите и ливадите од висока трева и трње, пришто да избегнуваат било какво потпалување на оган. Одговорното однесување е клучно за да се спречат идни пожари и да се заштити безбедноста на населението.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Амела Хоџа, која својата успешна професионална кариера ја гради во Сараево, како...